Вести Македонија Топ вести

Попусто барате Бугари, затоа што ние сме Македонци – Едмонд Османи со порака до бугарските власти пред пописот во Албанија

Во врска со претстојниот попис во Албанија, кој почнува на 18 септември, Министерството за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност..

Двајцата познати активисти за правата на Македонците во Албанија, Панди Јани од Пустец, Мала Преспа и Едмонд Османи од Требиште, Голо Брдо, побараа од Македонците во оваа земја, пред попис кој почнува в понеделник да не потклекнуваат под никаков притисок и да се изјаснат она што единствено се – Македонци.

Јани, кој беше кандидат за градоначалник на Пустец на последните избори во мај годинава, вели дека местото редовно го посетуваат бугарски емисари, но оти и покрај она што го подаруваат на „некои продадени души“ нема да постигнат ништо.

Едмонд Османи, потпретседател на единствената македонска партија во оваа земја, од Требиште, соседна на Острени, каде што пред два дена престојуваше бугарската потпретседателка Илијана Јотова, придружувана од бугарски универзитетски професори и академици, вели дека вакви посети се редовни, но „попусто бараат Бугари“, зашто „ние сме Македонци и ништо друго“, вели Едмонд Османи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Масовен израелски напад на Иран, бомбардирани над 100 локации – Иран најави жесток одговор

Дејан Дејан

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе