Вести Свет

Германски воз запрен предвреме поради премногу валкани вагони

Патници во германски воз биле замолени да го напуштат, откако персоналот проценил дека вагоните се премногу валкани за патувањето да продолжи, соопшти „Дојче бан“.

Станува збор за брз воз на националната железничка компанија „Дојче бан“, кој во вторникот сообраќал од Минхен кон Хамбург. Персоналот, при рутинска проверка, утврдил дека состојбата со чистотата е недозволива за натамошно патување, изјави портпаролка на компанијата за агенцијата ДПА.

На патниците им било наложено да го напуштат возот во Нирнберг, околу 155 километри северно од Минхен.

Жал ни е за оваа ситуација. Очекуваме возовите на долги релации што сообраќаат низ цела Германија да ги исполнуваат високите стандарди за квалитет. За жал, тоа не беше случај со ова патување, изјави портпаролката.

Таа не даде детали за степенот на валканост на вагоните, ниту прецизираше колку патници се наоѓале во возот.

Отприлика еден час по запирањето, на патниците им бил понуден алтернативен превоз, а добиле и информации како да побараат обештетување, додаде портпаролката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Пензионерите кои протестираа за зголемување на пензиите се задоволни од најавата за покачување на пензиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе