Вести Македонија Топ вести

Распити на пациенти и вработени, деталана анализа на истории на пациенти, вклучени неколку државни институции – Обвинителство со детали од предистагата

Директна проверка на истории на четириесетина пациенти од Клиниката за Онкологија но и на групи пациенти од Клиниката кои ја примале биолошката терапија, распит на дваесетина пациенти кои се пријавиле во Обвинителството и на повеќемина вработени на Онкологија и деталана проверка на финансиското работење се само дел од насоките кои ги превзема Обвинителството во рамките на предистрагата за скандалот на Клиниката. Вклучени се уште  пет државни институции кои во рамките на својата надлежност обезбедуваат информации, податоци и докази а контактирано е и со надлежните институции во Косово и Албанија.

„Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Извршен е распит на повеќемина вработени на Клиниката за онкологија, како и на двајца експерти. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија“, информираат од Обвинителството.

МВР ги анализира компјутериските податоци кои беа собрани во претресите на Клиниката и во домови на двајца вработени и води финансиска истрага а помош е побарана и од Управата за финансиско разузнавање. На министерството за здравство и Фондот им е наложен да достават извештаи за работата на Онкологија а во истрагата се вклучени и ревизорите кои го проверуваа работењето на Клиниката во 2021 година и открија низа пропусти и недоследности во набаваката на цитостатската терапија и терапирањето напациентите.

„Користејќи ги каналите за меѓународна соработка и размена на информации, ќе се побараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија за пациенти од тие земји кои се лекувале со одредени терапии во РС Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји“, стои во соопштението.

Четворица пациенти ќе потпишат изјави за тајност и ќе бидат вклучени со директен увид во текот на постапката.

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека сеуште траат анализите дали да се врати во употреба КАТО системот, разговарал со претставниците на компанијата и уверува дека терапијата е безбедна и нема никакви манипулации.

„Со КАТО системот ние анализиравме, од претходниот диртектор било кажано дека не бил исплатлив, некои кеси дека чинеле многу. Затоа од блиску сакав да бидам известен и информиран што точно се случува. Знаете дека наследивме еден дефицитарен Буџет и цело време анализираме и размислуваме дали тој систем да го ставиме во фиункција или некој друг систем како тоа да се организира. Јас не ја знам онкологијата и затоа се консултирам и ќе донесеме траен систем кој ќе има контрола и квалитет. Откако јас сум на челото на министерството гарантирам дека нема пропусти и апелирам до граѓаните да не шпекулираат, ова се загрозувачки болести. Дали може да се краде лек? Тоа може да го стори секој вработен ама за тоа ќе одговара“, изјави Фатмир Меџити, министер за здравство

На барање на министерот а  поради индиции за злоупотреби, е испратена изнпекција поради но за работењето на Клиниката во 2022 година не откриле ништо сомнително.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Израел депортираше уште шест активисти од „селфи јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе