Вести Македонија Топ вести

Братот на пиштолџијата од кај Скендер-бег назначен за нов директор на МЕПСО по предлог на Алијанса

Зуди Енузи Кока е нов директор на МЕПСО. Од државната енергетска компанија за неколку медиуми ја потврдија веста и посочија дека Зуди Енузи Кока бил досегашен шеф на кабинет на веќе разрешениот директор Сурија Рашиди.

На функцијата шеф на кабинет Зуди Енузи Кока бил од јуни годинава. За директор на МЕПСО Енузи е назначен минатат недела од страна на Надзорниот одбор. И натаму со МЕПСО ќе раководи кадар на Алијансата за Албанците. Информациите велат дека оваа промена на директорското место во МЕПСО е резултат на внатрепартиска расправија.

Инаку, Зуди Енузи Кока директоруваше и во Јавното претпријатие Комунална Хигиена а беше разрешен од страна на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска. Овој отказ следуваше по вооружениот инцидентот на неговиот брат Цуфи Кока на Плоштадот Скендер Бег, во кој со пиштол во рацете беше регистриран од медиумите на протестот против францускиот предлог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Политичката реторика е рецепт како може да се убие ентузијазам на оваа група луѓе која стана заедница, Сапорт Кочани не се препознава во говорот на Мицкоски за некрофилија

Дејан Дејан

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе