Вести Свет

Судот на БиХ го потврди обвинението против Додик за двата спорни закони

Судот на Босна и Херцеговина денеска го потврди обвинението против претседателот на Република Српска Милорад Додик и в.д. Директорот на Службен весник на РС, Милош Лукиќ.

Обвинителството на БиХ на 11 август поднесе обвинение против Додик и Лукиќ и го испрати до Судот на Босна и Херцеговина на потврда, а на 18 август Судот го врати на доработка до Обвинителството.

Обвинението следеше откако Народното собрание на Република Српска на 27 јуни усвои два закони – за необјавување на одлуките на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ (ОХР) во Службен весник на Република Српска и за неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ.

Високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит ги поништи двата закони на 1 јули.

Откако Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе обвинение, претседателот на Република Српска поднесе кривична пријава против обвинителот Недимо Ќосиќ,  но обвинителска одлука за тој случај се уште не е донесена.

Адвокатите на Додик се обидоа да ја сменат судијката која ќе одлучува по обвинението, но не успеаја, со оглед на тоа што судскиот совет на Судот на Босна и Херцеговина едногласно го одби тоа барање. Судскиот процес против Додик ќе го води судијката Јасмина Ќосиќ Дедовиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како промената на времето влијае по здравјето на луѓето?

Дејан Дејан

Таткото на Вања и кажал да се облече како за планинарење за денот кога групата на Палевски-Палчо го извршиле нечовечното убиство на дете: Завршни зборови на обвинителството

Дејан Дејан

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе