Хорхе Мартин откако вчера беше најрбз во квалификациите и спринтот, денеска победи и на трката за Големата награда на Сан Марино во рамки на Мото ГП шампионатот.
Шпанецот до својата втора сезонска победа и тоа за да ја намали негативата во однос на лидерот во генералниот пласман Франческо Бањаја. Втор финишираше Марко Бецеки, а трет беше Бањаја, кој иако се уште ги чувствуваше последиците од минатонеделниот страшен пад во Барселона успеа да стигне до подиумот.
Четвртото место му припадна на Дани Педроса, потоа следуваа Маверик Вињалес, Мигел Оливеира, Марк Маркез, Раул Фернандез и Лука Марини.
Во генералниот поред и натаму води актуелниот светски шампион Бањаја со 283 бодови, но Мартин сега се доближи на -36 бодови или има 247, додека Бецеки е трет со 218.
Следната трка се вози за Големата награда на Индија на 24 септември.