Вести Македонија

Граѓаните бараат одговор: Вмешана ли е и поранешна директорка во скандалот со Онкологија?

Обвинителството да отвори истрага дали и поранешна директорка на Онкологија која се уште работи на оваа Клиника е вмешана во скандалозната шема за крадење лекови, побараа од неформална група „Протест против убиството на Онкологија“. Велат дека до нив пристигнуваат вакви информации од пациенти кои биле уценувани да ја  купуваат терапијата приватно.

Според нашите информации, во шемата каде пациентите плаќале и до 4.000 евра лек, била инволвирана и поранешна директорка на Клиниката за Онкологија, која во  минатото добила кривична пријава за „злоупотреба на службената положба“ за  предизвикана штета на Клиниката за онкологија од неколку милиони евра. Најстрашното е што токму оваа директорка се уште работи на Клиниката за Онкологија!  Бараме ОЈО  на чело со Јовевски да обзнани дали  истрагата за поранешната директорка резултирала со судска пресуда, како и да се отвори истрага за овие наводи, пишува на ФБ неформалната организација „Протест против убиството на Онкологија“

Од оваа неформална организација  најавија нов протест за  утре во 18 часот пред Владата и го повторија нивниот ултиматум, ОЈО во рок од едена недела да излезе со детали за истрагата. На протестот ќе се приклучат и од Независниот синдикат на здравствените работници, од каде што вработените на Онкологија кои биле дел од оваа шема ги нарекоа здравствени профитери

-Треба да се објават со име и презиме. Тие 10, 20, 30 луѓе да ги црнат другите 25 илјади вработени во здравствениот систем. Ние го осудуваме случајот, ги поддржуваме протестите и лично ќе бидеме присутни, изјави Боби  Бојчевски, од Независниот синдикат на здравствени работници при КСОМ  .

А скандалот на Онкологија и денеска беше тема на партиските препукувања. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека и по 10 дена од грозоморието на Онкологија нема резултат и прашуваат дали овој криминал и во овие 10 дена се уште тече на Клиниката. Од СДСМ одговорија  дека  тоа што Мицкоски ја политизира  наместо да ја поздрави акцијата  е доказ дека стравува од тоа што ќе покаже истрагата за грозоморната шема воспоставена пред многу години.

Пред една недела МВР ја тресеше Онкологија, но и станови на вработени, трагајќи по докази за криминал со цитостатици. За скандалот кој ја потресе јавноста и предизвика лавина реакции, засега   нема  информации од истражните органи  кој, како и кога манипулирал со терапијата на болните на Клиниката и потоа ја препродавал на црниот пазар.

Емилија Мисирлиевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе