Вести Македонија

Полициска акција во Слупчане, пронајдени оружје и муниција

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Куманово- Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, по добиена судска наредба, денеска извршија претрес во дом и други простории кај З.И. (49) во с. Слупчане, општина Липково, соопшти МВР.

При претресот пронајдени се шест пиштоли различни марки, седум рамки за куршуми, пневматска пушка „екол“ со оптика за пушката, околу 2500 куршуми различни калибри од 9мм, 7.62мм и 6.35 мм, 64 пиротехнички ракети…

З.И. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе