По експресното менување на Казнениот законик со кое се намалија казните и времето на застарување на предметите за злоупотреба на службената положба и овластување, платформата на граѓански организации кои работата на борба против корупцијата денеска писмено побараа од шефот на државата да не става свој потпис на измените.
Првата причина за непотпишување Платформата ја гледа во застарувањето на постоечки предмети, но и во намалувањето на превентивната функција на системот на кривична правда.
„Застарување на многу случаи од висок профил како Титаник, Таргет/Тврдина, ТНТ, Титаник 2, Трезор, Талир, Шпански скали и Траекторија, како и други случаи од понизок профил“, се наведува во соопштението од Платформата за борба против корупција.
Миша Поповиќ, од Институт за демократија, која е дел од Блупринт групата за реформи во правосудството, која исто така регираше на измените на Казнениот законик за Телма вели дека освен што најголемиот удар ќе биде застарувањето на случаи од висок профил, пошироките последици ќе дојдат од начинот на кој тоа се прави и ефектот кој застарувањето ќе го има.
„Имаат пошироки последици по уверувањето на граѓаните дека борбата против корупцијата и борбата против организираниот криминал е можна во ефективна смисла и тоа ќе ги демотивира граѓаните да учествуваат во неа, во најмала рака дас пријавуваат корупција и генерално да се активираат“, вели Миша Поповиќ од Институт за демократија.
За европскто знаменце под чија капа измените на двата члена на Кривичниот законик ескпресно поминаа за само неколку часа од Комисијата за европски прашања до пленарна седница и без изгласани, Поповиќ со став дека не е јасно со кои европски регулативи и директиви тоа е направено.
„Тоа не е баш најјасно. Тоа што го знаеме е дека Министерството за правда за овие два члена не с еповикува на усогласување со европските директиви и регуалтиви. За останатите измени на Кривичниот законик има јасна референца што се усогласуваме. За двата члена поврзани со злоупотреба на службена должност такво нешто не ејасно во материјалите коишто ги имаа пратениците кога ја донесоа одлуката“, вели Поповиќ.
Дополнително Поповиќ со став дека Собранието имало должност да овозможи јавна расправа особено за промени на Кривичниот законик особено за промените на казните за делото злоупотреба на службена положба.
Токму начинот на носење на измените на Законот без јавна дебата и анализа на последиците што ќе ги предизвика ова законско решение, за Дравната комисија за спречување на Корупција, сериозно се загрозува правната сигурност во државата.
„Сето тоа за нас создава сомнеж и висок ризик за политички пазарења и трговија со влијание“, изјави Билјана Ивановска, Државна комисија за спречување на корупцијата.
Антикорупционерите се изненадена и загрижена од ваквиот начин на донесување на законот, дотолку повеќе што во меѓувреме Министерството за правда побара од Комисијата да достави мислење по предлог–законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, со рок за произнесување до 20 септември 2023 година.
„Намалувањето на киазните во 353 и 353-в, и 359 за злосторничко здружување сметаме дека тоа не придонесува кон зајакнување на борбата против корупцијата, напротив таа и понатаму останува декларативна. И уште повеќе, еве да кажам за јавноста, дека Министерството за правда до нас достави барање за мислење да се произнесеме по нацрт верзија на Кривичниот законик, со рок до 20 септември. Ова е сега нешто ново, преку ноќ“,
Од работната група која работи на изготвување на целосно нов Кривичен законик пак за Телма велат дека ваков предлог за намалување на казните и застарувањето ан предметите за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување не излегло од нивните редови.
„Работната група составена од 10-на члена три години работи на нацртот за Кривичниот законик, но овие поединечни предлози не се на работната група ниту поминале пред членовите на групата која го подготвува новиот Кривичен законик“,
Инаку до почетокот на овие вести се уште немаше официјална информација од Кабинетот на претседателот на државата, Стево Пендаровски, дали ќе ги потпише или не измените на Кривичниот законик.
Тамара Грнчароска