Вести

Здруженијата на состанок во труд и социјала – пензионерите на протест

Едни на работен состанок- други на улица. Пензионерските здруженија на средба со министерката за труд Јована Тренчевска, пензионерите од Прилеп со протести и блокади ги повторија барањата, линеарно зголемување на пензиите од 3500 денари и промена на методологијата за пресметување на платите.

„Не да сум револтирана не знам што да почнам прво. И се кажа не сто пати, илјада пати на министерката дека ние не се откажуваме од овие барања за линеарното 3500 денари“, вели Билјана Шекеровска, пензионерка.

„Како министеркава кажува дека ќе ги изедначи пензиите до 18.000 минимална, а нема пари од каде пари, ние бараме 3500. “, вели Алекса Ивановски, пензионер.

„Ние ќе си бараме оти џебот ни е празен, а тие нека му ја мислат да ни дадат , бараме пари за живот не за друго“, вели Марија Ристевска, пензионерка.

 По низата протести на пензионерите, денеска се одржа првата работна средба на министерката за труд со нивните здруженија. Од министерството за труд и социјала тврдат дека работната група ќе работи интезивно, со средби до два пати во неделата, со цел што поскоро носење на предлог мерки и законски измени до крајот на годинава.

Многу е важно при носењето на предлог мерките и законското решение за пензиско осигурување или негови измени, да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем и пензиите да продолжат да се исплаќаат навремено и редовно. Во фокусот на работата на работната група ќе бидат пензионерите со ниски пензии, особено оние со минимална пензија, велат од министерството за труд и социјална политика.

Работната група беше формирана под притисок, откако пензионерите протестираа речиси во сите градови низ државата и обединети во Скопје пред министерството за труд и социјална политика и побараа покачување на пензиите за 3500 денари.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе