Вести Македонија Најважни

Со европско знаменце и 48 гласа ЗА измените на кривичниот закон со кои се кратат затворските казни и периодот на застарување на криминал сторен од функционери изгласани во Собрание

Без долга дискусија и без амандмани, Собранието вечерва експресно ги донесе спорните измени на Кривичниот Законик со 48 гласа „за“, 36 „против“ и еден воздржан. Измените на Кривичниот законик кои предвидуваат бришење на кривичното дело за злоупотреби на државни пари во тендери, како и намалување на максималната казна затвор за злосторничко здружение од 10 на 3 години, а кои ќе ги опфатат сите неправосилни случаи, започнати постапки и евентуални идни истраги, ја разгневија јавноста, а опозицијата ги прогласи за скриена амнестија за криминалите на сегашната власт.

Според изгласаните измени, сите лица за кои сега се водат судски постапки за овие дела, како и сите лица за кои пресудите се неправосилни и имаат жалби на повисоките судови ќе се спасат од кривичен прогон или ќе добијат многу помали казни од постоечките.

По скратена постапка и со европско знаменце, овие измени на Кривичниот законик Владата ги поднесе со образложение дека овие измени се неопходни со европските регулативи, особено со германски закони.

И, додека пратениците од владеачката коалиција не беа заинтересирани да се вклучат во дискусијата по законските измени, од опозицијата овој владин предлог беше наречен обид за амнестија на криминалите на сегашната власт.

Прв за збор се јави Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, според кој овој закон е олицетворение на хипокризијата на власта. Потсети на поранешниот колега од власта Павле Богоевски, кој во истиот тој парламент зборуваше против предлози поднесени од поединци до Уставниот суд за измени на спорниот член 353 од Кривичниот законик се скриена амнестија или јавна манипулација и дека претставуваат опасност за случаите на СЈО

За Гордана Сиљановска Давкова измените на Кривичниот законик се јавно убиство на правото и правдата.

За СДСМ со овие законски измени не се штитат никакви лични интереси како што тоа го тврди опозицијата.

Спорните измени ќе стапат на сила деветтиот ден од излегувањето на измените во „Службен весник“, додека сите останати измени кои се предлагаат треба да стапат на сила шест месеци по донесувањето.

Југослава Дуковска

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе