Вести Македонија

Евтина струја од 1 декември од 13 до 15 часот – броилата во Арачиново извадени на улица, загубите сведени на 10 отсто

Од 1 декември треба да се врати евтината тарифа на струјата која според најавите би била во периодот од 13 до 15 часот, но таа ќе биде достапна само за околу 200 илјади корисници кои имаат „паметни“ дигитални броила. За останатите домаќинства, Електродистрибуција очекува евтина струја да има до крајот на декември, но за тоа ќе биде неопходно да им се дозволи на читачите на броила да ја прочитаат фактичката состојба и рачно да ги подесат.

Броилата се читаат еднаш месечно и оние кои ќе бидат достапни веднаш ќе бидат прилагодени за евтината струја и преку ден, појаснуваат од ЕВН.

Во Арачиново, кое изминативе години беше еден од најголемите неплаќачи на струја, директорот на Електродистрибуција, Сашо Салтировски вели дека броилата се веќе извадени на улица, загубите се сведени на 10 проценти во јуни и јули, што се смета за техничка загуба и кај нив сетирањето за евтината денска тарифа ќе биде веднаш направено.

Скопскиот регион, пак, бележи најголеми загуби на струја од 20 отсто. Евтината струја преку ден беше укината од 1 јануари 2022 година, кога беа воведени блок-тарифитие.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Камиловска Трповска: Обвинителството треба да го трасира процесот, а политичарите да изградат подобар систем

Дејан Дејан

Расте бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Дејан Дејан

Инспекторатот со казна до 200.000 евра за екоцидот – општината бара кривична за рудникот „Тораница“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе