Фудбалската репрезентација на Македонија веќе втор ден се подготвува за претстојните квалификациски дуели против Италија и Малта.
По двата порази во претходниот циклус избраниците на селекторот Благоја Милевски ги очекуваат нови предизвици, а првиот е в сабота во Скопје и дуел со актуелниот европски првак Италија.
“Сакаме да се покажеме во најдобро светло, за разлика од последните натпревари. Мора да бидеме на високо ниво и тактички и физички. Италија секако има план за натпреварот, ние исто така. Страв нормално дека не постои, не играме прв пат против европскиот првак. Дуелите против Украина и Англија треба да ги заборавиме, повеќе боли мечот со Украина, отколку тој во Англија, но тоа е веќе минато. Мора да гледаме напред”, рече Висар Муслиу.
Дуелот против Италија в сабота се игра на арената Тодор Проески и почнува во 20 часот и 45 минути.
ФОТО: Игор Паневски