Одбојка Спорт

Фаворитот Полска нов предизвик за одбојкарите на ЕП

По големата победа над Црна Гора и обезбедениот пласман во осминафиналето на Европското првенство, репрезентацијата на Македонија вечерва ја очекува нов предизвик.

Во арената Борис Трајковски од 20 часот составот предводен од селекторот Јошко Миленковски и капитенот Никола Ѓорѓиев ги очекува дуелот против репрезентацијата на Полска која е еден од главните фаворити за освојување на медал на континенталниот шампионат.

Токму фактот дека имаме можност да играме против една од најсилните селекции на светот нашите одбојкари и стручниот штаб едноставно посакуваат да уживаат во овој натпревар и без поголем притисок да покажат дека сосема заслужено се наоѓаме меѓу елитата во европската машка одбојка.

Полјаците како и репрезентацијата на Македонија во досегашниот тек од фазата по групи имаат максимален учинок и во соочувањата со Холандија и Чешка загубија само еден сет.

Дуелот против селекцијата на Полска се игра во арената Борис Трајковски и почнува во 20 часот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трапановски: Со добар тактички пристап против силата и квалитетот на Белгија

Дејан Дејан

Мекларен повторно доминантен: Пјастри пред Норис во Шпанија

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го потврди првото засилување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе