Вести Македонија

Спасовски: Во првите шест месеци годинава спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања

Во борбата против илегална миграција – во првата половина од 2023 година имаме сузбиена 17-члена организирана криминална група, спречени се 5.018 обиди за илегални преминувања, откриени се 36 случаи на криумчарење на 286 мигранти за што кривично гонети се 28 лица, објави на неговиот официјален фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Благодарение на операционализацијата на ФРОНТЕКС Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија, бележиме високи резултати во делот на борбата против илегална миграција. Продолжуваме! , пишува на фб статусот на Спасовски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе