Вести Македонија Најважни

Кацарска: Изјавите на Мишел и Макрон за проширувањето треба да се гледаат во пакет

Двете пораки за проширување на Европската унија (ЕУ) и нејзината иднина кои стигнаа вчера од  претседателот на Европскиот совет (ЕС), Шарл Мишел, според кого Унијата и земјите-кандидати треба да се подготват за проширување до 2030 година, но и од претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој по 2017 година повторно го реафирмираше планот за Европа со две или повеќе брзини, според Симонида Кацарска од Институт за европски политики, треба да се гледаат во корелација и како дел од тековната дебата која се води во Унијата за тоа како таа да продолжи понатаму, особено по кандидатурите на Украина и Молдавија и неодржливоста на статус-кво ситуациијата околу проширувањето.

Мишел вчера од Словенија зборувајќи во контекст на зачувување на кредибилитетот на Унијата ја постави 2030 како временски рок за идното проширување.

  • „Ако сакаме да бидеме кредибилни, верувам дека треба да зборуваме за тајминг. Мора да зборуваме за нашата домашна работа. И имам сугестија. Додека ја подготвуваме следна европска стратешка агенда ние мора да си поставиме јасна цел. Јас верувам дека ние мора да бидеме подготвени, и на двете страни, до 2030 за проширување“, изјави Шарл Мишел, претседател на Европски совет.

Кацарска ставот на Мишел смета дека е рефлексија и на заложбата на Германија дека проширувањето треба да се забрза.

  • „Ова е поставено како одреден начин којшто би дал надеж на земјите-кандидати и да се креира притисок во ЕУ, дека доколку ќе се случи проширување, мора да се направат некои внатрешни реформи. Меѓутоа самиот Мишел не даде повеќе информации за тоа како ги гледаат реформите. Тука веројатно треба да се гледаа овој говор како делумно комплементарен со она што го зборуваше и претседателот Макрон“, е ставот на Кацарска.

Но, токму францускиот претседател Макрон вчера, по годишниот состанок со фнацуските амбасадори, испрати порака дека проширување не е можно без реформирана на ЕУ.

  • „Ризично е да размислуваме за проширување без реформи. Можам да сведочам дека е доволно тешко за Европа да напредува по чуствителни прашања со 27 членки. Со 32 или 35 членки тоа нема да биде воопшто полесно. Ќе ни треба храброст да прифатиме повеќе интеграција во некои области и можеби дури Европа со повеќе брзини“, рече Макрон.

Притоа Макрон не елаборираше како би функционирала таквата повеќе брзинска Европа, но додаде дека е неопходна ревизија на процедурите на ЕУ за таа да ја задржи, како што рече, својата привлечност.

Според Кацарска, токму ставот на Макрон е тој кој треба понатаму да се следи, како и дебатата кој по ова прашање ќе се води во Франција, како клучна земја во Унијата која што повторно се навраќа на проширувањето по 2018 година.

  • „Бидејќи земјите членки се оние кои што ќе го решат форматот и начинот на кој што ќе одвива проширувањето имајќи предвид дека институциите на ЕУ, особено Европската комисија, е доста тивка и се уште нема јасен план како ќе се оди понатаму“, вели Кацарска.

Според неа двата говора, на Мишел и на Макрон, навестуваат насоки, но не давааат конкретен план како ќе се продолжи напред со проширувањето. Сепак, според Кацарска, тие покажуваат дека се води дискусија во ЕУ за тоа, но, како што додава, очигледно на маса се многу идеи за различни формати како тоа би се реализирало.

Тамара Грнчароска

https://youtu.be/Y-OOrnuuwHQ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе