Вести Македонија Најважни

Гужва во албанскиот политички блок – Скендер Реџепи најави дека ќе формира партија

Најава за нова партија во албанскиот политички блок. Ќе ја формира независниот пратеник Скендер Реџепи, поранешен член на Алтернатива. Себеси, како што истакна во интервју за ТВ 21, не се гледа во друг политички субјект, а „алтернативците“ не му дале прилика за промени во партијата.

„Ќе подадам рака за соработка на тие кои излегоа од Алтернатива, заедно да почнеме ново политичко патување“, вели Реџепи.

Тој е свесен оти се формираа многу партии на Албанците, а следните избори, според него, ќе бидат поделени меѓу европскиот фронт и опозицискиот блок.

Вклучително и новата партија на Реџепи, во албанскиот политички блок ќе дејствуваат барем осум партии – ДУИ, Алијанса за Албанците и ДПА, кои се во Владата, Европска демократска партија на Аријанит Хоџа, која го поддржува европскиот фронт и Беса, Алтернатива, Демократско движење и партијата на Реџепи како опозициски блок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе