Вести Македонија Најважни

ЕУ до 2030 година мора да биде подготвена за проширување – Мишел со порака од Форумот во Блед

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел испрати порака од Бледскиот стратешки форум дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување. Ваквата порака од македонската Влада е оценета како можност што треба да се искористи и со заедништво да се завршат задачите што ни престојат.

Според премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, исто така учествуваа на Бледскиот стратешки форум, треба да дадеме се од себе за да ја оствариме оваа цел.

„Уверен сум дека Северна Македонија покажа оти може да носи тешки и храбри одлуки и по секоја од нив излеговме како посилна земја. Од старите земји кандидатки, сме најдобри во многу аспекти во смисла на имлементирањето на европското законодавство, микро финансиската стабилност што е докажано од ЕУ и инструментите на ЕУ. Затоа велам дека 2030 е остварлива како цел“, рече Ковачевски на панелот на кој учествуваа и останатите премиери од Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе