Вести Македонија

Еден шалтер, колона редици за промена на личните документи

Колони редици, нервозни граѓани. Сликата во полициската станица МТВ денеска беше ваква.

Недоволен број на полициски службеници е една од причините за големите гужви, велат од независниот синдикат на полицијата.

  • „Има 10-тина шалтери кои можат да бидат опслужени од вработени во полицијата, а работи само еден. Што значи дека во вакви ситуации, министерот ако ништо повеќе барем во одреден временски период во денот би го замолил не мора сите 10 да работат, барем да работат пет шалтери кај што оваа гужва чекањето од два ипол, час и половина да се преполови за да може побрзо да се заврши постапката во делот на она што граѓаните ја имаат како потреба од шалтерите, односно од нас вработените во МВР“, вели за Телма Гоце Делчев Тодев од независниот синдикат на полицијата.

Министерот Спасовски пак пред една недела тврдеше дека проблемите  со редиците во управните служби и зафатените телефони ќе бидат решавани со дополнителни смени и работни саботи на шалтерите.

  • „Сите активности коишто ги преземаме се во насока да одговориме на барањата на сите граѓани, затоа се воведени работа во сабота воведени се сменски работи“, вели Оливер Спасовски министер за внатрешни работи  (21.08.2023)

И денеска пред камерата на Телма граѓаните револтирани велат дека долго време чекале да закажат термин за да ги променат личните документи.

  • „Не баш брзо ама се среди работата. Терминот го закажав во март за сега, а слушнав сега ако сакате да закажете дури декември или јануари догодина“, вели граѓанка.

Но, сликата во Тетово беше поинаква. Без поголеми редици и гужва на шалтерите, граѓаните велат дека не чекаат долго за да ги променат личните документи.

  • „Едно пет минути има. Ќе чекаме малку, ама ги извадив личните документи“, вели граѓанин.  

Се отвара прашањето дали граѓаните од главниот град би можеле обврската за промена на личните документи да ја завршат во внатрешноста на земјата каде има помали гужви – мвр категорично не.

  • „Личните документи може да се добијат само во местото на живеење, тоа е според закон и така мора да се функционира, но ќе повторам секој граѓанин ќе го добие бараниот документ. Ние ги правиме сите напори, ги вложуваме сите капацитети и секој граѓанин ќе го добие бараниот документ“, вели за Телма Тони Ангеловски МВР.

До сега според МВР издадени се милион патни исправи и над 800 илјади лични карти, а обврската на граѓаните да ги променат личните документи со новото име на државата е до 12-ти февруари 2024 година.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе