Вести Македонија

Десетина години нема нови одобрени учебници по англиски јазик за основците

Повеќе од десетина години нема нови одобрени учебници по англиски јазик за основните училишта. Се користат стари учебници кои не се совпаѓаат со новата наставна програма. Наставничка од основно училиште за Телма вели тие учебници сега не можат да се употребуваат, часовите зависат од бујната имагинација на наставниците.

Несоодветните учебници по англиски јазик се само еден во низата проблеми со кои се соочуваат наставниот кадар и учениците. Освен тоа што дел од учебниците ги нема се поставува и прашањето колку од тие што сега ги има се соодветни. Додека проблемите во образовниот процес се тлеат од МОН велат работиме напорно за учебната година да започне со учебници.

  • Сите одобрени учебници се испечатени и интезивирана е испораката до училиштата. Целосно завршена е испораката во југоисточниот регион, а во моментов учебници се распределуваат во училиштата во главниот град и во општините во северниот и западниот дел на државата. Процесот на испорака на сите одобени учебници, вклучително и на најновите за трето одделение кои ќе се дистрибуираат утре, ќе биде целосно завршен на 1 септември. Оние пак кои се во постапка, а тоа се учебниците за шесто одделение, ќе се испорачаат во текот на месец септември- Министерство за образование и наука.

За три дена стартува новата учебна година која ќе започне со старите проблеми. Учениците од трето и шесто одделение нема да имаат дел од учебниците. Ќе учат од помошни материјали кои ќе бидат достапни само во електронска форма и или училиштата или секој индивидуално ќе треба да одлучи за нивно печатење.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

(Видео)Националната гарда на улиците во Лос Анџелес откако ескалираа протестите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе