Вести Свет

Најголем дел од Американците сметаат дека Бајден е престар за втор мандат

Демократите и републиканците не се согласуваат за многу работи, но кога станува збор за претседателот Џо Бајден, тие се согласуваат за една работа. Тој е престар за втор мандат. Според анкета на Асошиејтед прес и Центарот за истражување јавни прашања, 77 проценти од Американците сметаат дека Бајден е престар за ефикасно да отслужи уште еден мандат како претседател.

Во моментов има 80 години. Ќе има 86 на крајот на вториот мандат, вели Дарлин супервил дописник од белата куќа на асошиејтед прес.

По партиска линија, дури 89 проценти од републиканците го имаат тоа мислење, а со нив се согласуваат и 69 проценти од демократите. Но за три години помладиот Трамп, Американците го немаат истиот проблем со возраста.

Таа бројка за Бајден е во целосна спротивност со неговиот најверојатен опонент во претседателската трка во 2024, поранешниот претседател Доналд Трамп. Трамп е речиси стар исто колку и Бајден, но само околу половина од Американците сметаат дека Трамп е престар за втор мандат, во споредба, речиси 8 од 10 луѓе го велат истото за Бајден, вели емили свансон од асошиејтед прес.

Свесен за ова прашање кое ги загрижува гласачите, Бајден изминативе недели преку својата кампања се обидува својата возраст да ја прикаже како позитивна одлика.

Започна да ја користи својата возраст како аргумент за реизбор, велејќи дека развил длабока мудрост и перспектива служејќи во Сенатот сите тие години, 36 години, времето поминато како заменик претседател, осум години, а сега и времето во Белата куќа како претседател, и тој го посочува сето тоа додека патува низ државата, смета супервил.

И додека демократите се мобилизираат за да обезбедат втор мандат за Бајден, кај републиканците се разгорува битката меѓу кандидатите кои сега се сведоа на седуммина. Трамп, кој сѐ уште директно не се вклучил во републиканската трка, не учествувајќи на првата дебата и најавувајќи можност да ја прескокне и втората закажана за 27 септември, има неколкукратно поголем рејтинг од останатите кандидати.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе