Како тенденциозни и крајно шпекулативни ги оценуваме сите тврдења и обвинувања за наводно политичко влијание или било каква форма на нерегуларност во изборот на компанија за реконструкција на салата „Борис Трајковски“, соопштуваат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги споделува понудите од четирите понудувачи на јавната набавка за реконструкција. Конференцијата на ОБСЕ, според МНР е најголем меѓународен политички настан кој ќе се одржува во Скопје на кој ќе присуствуваат околу 70 министри за надворешни работи од регионот на ОБСЕ и повеќе од илјада гости.
Условот за избор на најповолен понудувач бил најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имала, според МНР најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: повеќе од 93 милиони денари – избраниот понудивач Еуровиа, а Второ, тре и четврто рангираната понудиле повеќе од 120 милиони денари.
Од МНР ги повикуваат сите институции да го анализираат изборот како и спровдувањето на постапката која ќе биде по највисоките стандарди на ОБСЕ.
Потенцираат дека државата го добива и реконструиран еден од најважните спортски објекти во Скопје. Апелираат до политичките чинители да не го злоупотребуваат овој настан и фрлаат дамка на претседателство со ОБСЕ.