Вести Свет

Брнабиќ на Блед: Што и да направиме не е доволно добро за ЕУ

Српската премиерка, Ана Брнабиќ,  денеска на Бледскиот стратешки форум изјави дека нејзината земја чека повеќе од 20 години на членство во ЕУ и дека граѓаните се веќе заморени, бидејќи што и да направат не доволно добро, но и дека никој на Западен Балкан нема подобра опција од ЕУ.

Таа посочи дека Македонија го сменила името и дека сè уште има потешкотии да добие датум за почеток на преговорите, а Србија и 10 години од почетокот на преговорите сѐ уште е во преговори.

Датумот за почеток на преговори значи многу за Западен Балкан, но не и за Европската Унија, рече Брнабиќ и додаде дека ЕУ гледа на Западен Балкан како да што и да направи не е доволно добро.

Тоа е како на девојче да и кажеш дека здолништето и е предолго, пресоблечи се, а потоа велат е сега е прекратко, пресоблечи се, сега ти се долги ракавите. Ова е бескраен процес и навистина да не знаеш што да правиш, луѓето се уморуваат, изјави Брнабиќ.

Таа посочи дека никој на Западен Балкан нема подобра опција или план Б, бидејќи станува збор за европски земји, кои се наоѓаат во средината на ЕУ.

Добро кажа албанскиот премиер Еди Рама – не се работи за проширување, туку за довршување, ние сме опкружени со ЕУ. Ние сме географски, културно, историски дел од Европа. Нашите работни места доаѓаат од компании од ЕУ, инвестициите се од ЕУ, извезуваме или во ЕУ или во регионот. Би било добро за нас, но и за ЕУ, конечно да го направи тој конечен чекор, со политичка одлука да го прифати Западен Балкан, рече Брнабиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе