Вести Македонија

Во гаснењето на пожарот мобилизирани пожарникари и доброволци од Кочани

Хеликоптер за извидување прави проценка, каде и во кој правец се шири пожарот на територија на три општини Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани, информира Симеончо Стоиков, лице за односи со јавност на Доброволното противпожарно друштво (ДПД)-Кочани. Тој вели  дека на терен се со две возила, а мобилизирани се и кочанските пожарникари. Претходно директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека огнените јазици се на сто метри воздишна линија од село Врбица, а во кое живеат пет жители.

Стоиков од ДПД-Кочани посочува дека последната информација е дека огнот се доближува и до селото Рајчани, а пожарникарите од ТППЕ-Пробиштип се кај селото Трипатанци. На помош ги очекуваат и доброволните пожарникари од Пехчево.

Во гаснењето на овој пожар, кој зафати сува трева, нискостеблести растенија и шума на територија на три општини од воздух учествуваат и ер тракторот на ДЗС и два полициски хеликоптери. Според Стоиков синоќа дојавата за овој пожар е пристигната во 22 часот во ТППЕ-Кочани од селото Лепопелци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе