Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО)Се шири пожарот кај Ајватовци, пожарникарите во текот на ноќта ќе се фокусираат да спречат да ги зафати и првите куќи од селото

Пожарот кој денеска околу 16 часот избувна кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума, се шири со голема брзина и добива сериозни димензии, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изјави дека постои опасност поради ветерот пожарот да се прошири кон селото Ајватовци и затоа напорите на пожарникарите од ТППЕ Скопје се насочени кон спречување на негово ширење и зафаќање на куќите.

Ангелов додаде и дека гасењето на пожарот од воздух ќе продолжи утре наутро веднаш штом ќе зазори.

Рано наутро двата полициски хеликоптери веднаш по зазорувањето ќе полетаат и ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, информираше Ангелов.

Според Ангелов, до сега изгореле околу 30 хектари.

ВО БЛИЗИНА НА АЈВАТОВЦИ ИЗБИ СИЛЕН ПОЖАР, ВО БОРОВА ШУМА. ГРУБА ПРОЦЕНКА Е ДЕКА Е ЗАФАТЕНО ОКОЛУ 30 ХЕКТАРИ, ЗБОРУВАМ ЗА ТРЕВА ГРМУШКИ, НО И ЗА БОРОВА ШУМА. ТАМУ ИНТЕРВЕНИРА ЕДЕН ЕР ТРАКТОР ОД ДЗС, НО Е ИСПРАТЕН И ЕДЕН ПОЛИЦИСКИ ХЕЛИКОПТЕР. ИМАМЕ УШТЕ ДВА ТЕШКИ ПОЖАРИ ЕДНИОТ Е КАЈ УМОВО НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ, КОЈ ИЗБИ ПОСЛЕ 16 ЧАСОТ И УШТЕ ЕДЕН ПОЖАР ИМА НА ТЕРИТОРИЈА НА СЕЛО РАШЧЕ, ИЗЈАВИ АНГЕЛОВ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе