Вести Македонија

Пожарот на истокот изгаснат, но три активни пожари има во Скопско и Студеничани

Огнените јазици кои зафатија сува трева, нискостелбести растенија, грмушки и шума на територија на општините Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани се целосно изгаснати, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Пожарот кој од синоќа по 22 часот е пријавен во ТППЕ-Кочани доцна попладнево  е ставен под контрола, бидејќи почна да паѓа дожд, а во неговото гаснење бидејќи беше  распространет на територија на три општини беа вклучени пожарникарите од Кочани и Пробиштип, како и од Доброволното противпожарно друштво од Кочани. Од воздух се гасеше со еден Ер трактор на ДЗС и два полициски хеликоптери.

Ангелов вели дека станува збор за огромна опожарена површина, која заедно со пожарот од пред десет дена опфаќа околу 250 хектари. Забележа дека пожарот се приближи и кон кочанското село Врбица, во кое живеат пет жители, а пробиштипските пожарникари со контрапожар успеаја огнените јазици да не влезат во селото Трипатанци.

Ангелов вели дека од попладнево има три поголеми пожари во земјава, од кои едниот е кај скопско Ајватовци.

Во близина на Ајватовци изби силен пожар, во борова шума. Груба проценка е дека е зафатено околу 30 хектари, зборувам за трева грмушки, но и за борова шума. Таму интервенира еден Ер трактор од ДЗС, но е испратен и еден полициски хеликоптер. Имаме уште два тешки пожари едниот е кај Умово на територија на Општина Студеничани, кој изби после 16 часот и уште еден пожар има на територија на село Рашче, изјави Ангелов.

Посочи дека ридот над селото Рашче е зафатен со силен пожар, а скопските пожарникари се распределени на неколку страни.

Во земјава има активни и уште неколку помали пожари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе