Вести Македонија

Петмина пожарникари извлечени со полициски хеликоптер откако биле отсечени од пожарот кај Чешиново Облешево

Петмина пожарникари од ТППЕ Кочани кои учествувале во гасењето на пожарот на територијата на Чешиново Облешево, биле извлечени со полициски хеликоптер откако пламените јазици ги обколиле.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека истиот полициски хеликоптер МИ-171 учествувал и во гасењето на пожарот исфрлајќи 60 тони вода, особено на кракот од пожарот кој се наближувал на селото Врбица.

Со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе