Вести Македонија

Обвинителството ги побара снимките од надзорните камери во ТЦ „Ист Гејт“ каде вчера беше пукано во Раде Трајковски Штекли

Обвинителството побарало снимки од видео надзорот во трговскиот центар Ист Гејт и неговата непосредна околина по вчерашниот вооружен инцидент во гаражата на центарот во кој беше пукано во Раде Трајковски Штекли.

Во врска со настанот во ТЦ Ист Гејт, во текот на денот издадени повеќе наредби со цел идентификација на сторителите. Издадена е наредба за обезбедување на снимки од видео надзор на повеќе локации во и надвор од трговскиот центар. Предмет на вештачење и проверки е и возилото кое беше пронајдено опожарено. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот и мотивите, соопштија од обвинителството.

Нападот се случил во најдолниот дел од гаражата на трговскиот, а Трајковски Штекли не е повреден. Тој според информациите на Телма бил во блиндирано возило. Според неофицијалните информации Трајковски Штекли живеел во близина на трговскиот, а во трговскиот центар доаѓал на вежбање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ прашува: Зошто нема обвинение против началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски?

Дејан Дејан

Помалите партии ги извадија од фиока старите закони за една изборна единица

Дејан Дејан

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе