Вести Свет

Американските разузнавачи сметаат дека падот на авионот на Пригожин бил резултат на подметната експлозија

Премилиминарен извештај на американските разузнавачи заклучува дека подметната експлозија го предизвикала падот на авионот во кој се смета дека загинал и лидерот на платеничката војска Вагнер, Јевгениј Пригожин. Двајца припадници на разузнавачката заедница го потврдиле постоењето на извештајот за Асошиејтед прес, и според нив заклучоците се во линија со досегашната пракса на рускито претседател да ги замолкнува своите критичари и политички опоненти.

Со тоа се согласува и поранешниот американски амбасадор во НАТО и специјален претставник во украинските преговори, Курт Волкер.

Тоа е целата поента зошто Путин го прави ова, и го прави на толку демонстратитивен начин. Се обидува на луѓето да им го пренесе тоа чувство на замисленост, и да каже „добро, можеби не ви се допаѓа како сега се одвиваат работите, но ако се кренете против мене, ги имам средствата за да ве спречам“. Тоа се обидува да го каже, знаејќи дека тоа го зацврстува неговото чувство на авторитет, смета волкер.

За тоа што би значело обезглавувањето на воената група, затоа што покрај Пригожин во авионот се претпоставува дека биле уште неколкумина високи членови на Вагнер, Волкер смета дека ова е крајот на постоењето на приватната армија.

Мислам дека со Вагнер е готово. Мислам дека руската држава одлучи да го растури. Тоа што ќе се обидат да направат е да реконституираат нова платеничка група под поголема директна контрола на руската влада. Тие сѐ уште сакаат да ги задржат операциите во Африка и Блискиот Исток. Сѐ уште ги сакаат крвавите дијаменти, вели волкер.

Веројатноста од остварува на овој негов став беше делумно потврдена со последниот указ на Путин, во кој тој ги повика сите платеници кои дејствуваат околу руската армија да положат заклетва на верност кон руската држава. Според Кремљ, заклетвата е чекор кон зацврстување на духовните и морални основи за одбрана на Русија, но експертите се сомневаат дека таа е скриена порака до военото разузнавање да ги открие и казни борците на Вагнер. Положувањето заклетва исто така значи и дека тие ќе бидат инкорпорирани во руската армија, нешто што му беше понудено и на Пригожин по бунтот, а кое тој категорично го одби.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе