Вести Спорт

Славески против Линдзи за светската титула во БКФЦ

Македонскиот борец Горјан Славески вечерва во Мајами против Џејк Линдзи ќе се бори за светската титула во БКФЦ шампионатот (бокс без ракавици). Тоа ќе биде дуел на двајца досега непоразени борци во велтер категорија.

Славески има перфектен скор досега во шампионатот и е прворангиран во својата категорија. Досега имаше пет борби во рингот и сите пет ги доби убедливо против Јосденис Седено, Евгениј Курданов, Далас Дејвисон, Џустон Стилс и Ралам Аманов. Сега останува пресметката со Линдзи, кој исто така е непоразен на четири борби.

Македонецот имаше и одличен успех во боксерскиот ринг, но во САД целосно се пронајде во шампионатот без ракавици. Тој е на чекор да го оствари својот сон да биде светски шампион. Уште на своето деби во БКФЦ во април 2022 година, Славески најави дека сака да стигне до шампионската титула и веќе 18 месеци има шанса за такво нешто.

Неговиот ривал Линдзи има 37 години и има далеку поголемо искуство особено во мешаните боречки вештини. Во својата кариера има и три настапи во УФЦ, но три пати загуби.

Борбата помеѓу Славески и Линдзи можете да ја гледате на платформата ГЛЕЈ, а натпреварот почнува во сабота во 3 часот наутро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршена истрагата за „Пулс“, од денеска увид на одбраната

Дејан Дејан

СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Дејан Дејан

Трговската војна продолжува – Судот ги врати царините на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе