Вести Македонија Најважни

Двојно убиство во Куманово, мажот си ја убил сопругата и нејзината мајка, па се фрлил од прозорец

(фотографијата е илустрација)

Нов фемицид во Македонија. Сопругот си ја убил сопругата со нож во Куманово. Потоа ја убил и нејзината мајка.

Полицијата соопшти дека убиецот се фрлил од прозорец, а од повредите починал во кумановската болница.

Денеска (25.08.2023) околу 14.25ч. постапувајќи по добиена пријава, во стан во Куманово полициски службеници ги пронашле починати Е.А.Ј. (40) од Куманово и нејзината мајка П.Н., кои претходно со нож ги убил Д.Ј. (46) од Куманово (сопруг на Е.А.Ј.) Потоа Д.Ј. си нанел повреди и себеси и скокнал од прозорецот. Д.Ј. е пренесен во болницата во Куманово, каде починал. Од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Куманово се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче со предлог советниците во општините да ротираат на две години

Дејан Дејан

Mатуранти утре полагаат мајчин јазик и литература

Дејан Дејан

Завршена истрагата за „Пулс“, од денеска увид на одбраната

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе