Во септември ќе има услогласување на пензиите, но за колкав процент тоа треба да го каже Државниот завод за статистика, кој треба да ги направи пресметките. Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска за барањето на пензионерите за линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари вели дека очекува да се произнесат правните експерти и Уставниот суд.
Тренчевска најави дека работната група за донесувањето на Законот за минимална пензија и креирањето на социјални мерки треба да помагнат na пензионерите со најниски примања.Минималната пензија ќе биде дефинирана така што нема да смее да биде под прагот на сиромаштијата. Заедно со Фондот за здравство ќе бидат донесени и сет на мерки за лекови и болничко лекување. Што се однесува за барањето на пензионерите кои протестираат и почнаа со блокади да бидат вклучени во работната група, Тренчевска вели дека вчера имала средба со иницијативниот одбор во Кавадарци.
Што се однесува за Законот за плати во јавниот сектор се очекува до крајот на годината да има Предлог решение, кое ќе е достапно на целата јавност најави Тренчевска по отварањето на нов објект на пробиштипската градинка „Гоце Делчев“.
Викторија Јованова