Свет

Убиени пет лица во престрелка во Америка

Загинаа најмалку пет лица, а шест се повредени во престрелка во моторџиски бар во округот Оринџ во Калифорнија , јави Си-би-ес Лос Анџелес.

Според локалните медиуми, полицијата одговорила на повикот од барот „Кукс корнер“ околу осум и пол навечер.

Според анонимни извори напаѓачот бил пензиониран полицаец од округот Вентура. Неговата цел била неговата побегната сопруга, која очигледно ја следел до барот каде пукал во толпа луѓе.

КЦАЛ Њуз објави дека убиецот е застрелан, но не се знае дали им подлегнал на повредите.

По оваа вест сенаторот Дејв Мин изјави дека неговото срце е скршено поради семејствата и најблиските на жртвите на ова пукање.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Швајцарското село под вода, откако се урна глечер

Дејан Дејан

Приказната не може да згасне – Колегите ја довршија книгата на убиениот новинар кој пишуваше како да се спаси Амазон

Дејан Дејан

Плати 250 милиони долари во кампања, му падна популарностa и бизнисите – Маск се повлекува од администрацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе