Вести Македонија

Тренчевска: Предлог решението за законот за плати во јавниот сектор најдоцна до крајот на годинава

Предлог решението за Законот за плати во јавниот сектор, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска очекува да биде готов до крајот на оваа година.

-Го донесовме  Општиот колективен договор, го потпишавме заедно со Сојузот на синдикати на Македонија врз основа на методологијата која што е вклучена во овој Општ колективен договор секако Законот за плати во јавниот сектор е надлежност на МИОА. Пред некој ден разговарав со министерот за информатичко општество и во наредниот период ќе седне работната група ќе ја вгради методологијата и останатите одредби и ќе работи на законот за плати во јавниот сектор. Верувам дека до крајот на годината ќе имаме предлог-решение кое што ќе биде достапно на самата јавност, рече Тренчевска на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нова градинка во Општина Пробиштип.

Се очекува дефинирање на платите на вработените во јавниот сектор преку Законот за плати во јавниот сектор. Покрај платите, се очекува да се утврдат правилата по кои во иднина тие ќе се уредуваат преку утврдена методологијата за системско решавање на динамиката на раст.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе