Битолскиот Совет на денешната седница ги разреши сите членовите на училишниот одбор во Техничкото училиште во Битола и назначи нови, по сторијата на Телма дека дете со ретка болест е испишано од прва година во насоката техничар за моторни возила. Предлогот за разрешување на училишниот одбор е на опозициската СДСМ со поддршка на советниците на Левица и Поинаку. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против.
- Согласно законот, статутот и деловникот најмалку што можеме да направиме е да ги разрешиме членовите на училиштниот одбор кои што ништо не презеле, едносавно се премолчувале, рече Бореч Корлевски советник од СДСМ.
Советниците побараа градоначалникот да ја разреши и директорката на Техничкото училиште, поради повеќе скандали во изминатиот период.
- Наместо ова училиште да биде пример за лицата од ранлива категорија кои се школуваат овде, тие вршат нивна дикриминација. Повторно бараме градоначалникот да ја разреши Жанета Сервини од функција директор, рече Горан Велевски, советник од Левица
Од детската амбасада Меѓаши денеска побараа надлежните институции да постапат согласно своите ингеренции, а од ДПИ потврдија дека анонимната претставка, испратена до медиумите, стигнала и до нив и веќе е издаден налог за надзор во училиштетот. Раководтсвото на Техничкото училиште ги демантираше наводите од анонимната писмо и рекоа дека мајката била повикана за да ја информираат за начинот на изведување на наставата за да биде заштитено нејзиното дете кое е од ранлива категорија. Тврдат дека по разговорот таа одлучила да ги подигне документите за што потпишала и изјава. Мајката на детето со ретка болест кое е испишано од Техничкото училиште не сака да го коментира случајот.
Емилија Мисирлиевски