Вести Македонија

Новата учебна година пак ќе почне без дел од учебниците

За една недела стартува новата учебна година – клучно прашање и овој пат e дали ќе има учебници за сите одделенија.

Од Министерството за образование и наука признаваат дека трето и шесто-одделенците нема да ги добијат сите учебници пред 1ви септември, но уверуваат дека материјалите ќе стигнат најдоцна до крајот на месецот.   Дотогаш МОН се потпира на скриптите, кои лани беа основен материјал за учење.

Во оваа трета фаза од имплементацијата на Концепцијата се обезбедуваат учебници за трето и шесто одделение и најголемиот дел од нив се одобрени и ќе се испорачаат до 1 септември, а помал дел во текот на септември. Се случува постапката за одреден учебник да се пролонгира, поради разни причини, имајќи предвид дека процесот е прилично комплексен, но сето тоа што досега е предвидено да се спроведе согласно новата Концепција е спроведено, велат од Министерство за образование и наука.

Какви генерации ќе продуцира недостигот на учебници, ова е клучното прашање кое го наметнува стручната фела. Социолозите предупредуваат дека основците ќе имаат дупки во знаењето.

На неполна недела пред стартот на учебната година, и опозицијата притиска  за старт на учебната година со учебници по сите предмети. Бараат одговори, но и одговорност од надлежните. Велат, скриптите не се решение.

И минатата учебна година учениците беа соочени со овој горлив проблем. Дел од учебниците стигнаа дури на крајот од учебната година, но некои од нив со кардинални грешки. Во учебникот по Историја и општество пишуваше дека Македонија на запад граничи со Бугарија, а на исток со Албанија. Меѓу пропустите кои сериозно и` бодеа очи на јавноста беше лекцијата за Планинскиот врв Монт Еверест. Авторите на учебникот пресметале дека тој е  повисок за 20 илјади метри. Тие во своја одбрана писмено изјавија дека во брзање да го стигнат предвидениот рок немале време да го прегледаат учебникот пред печатење.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе