Вести Македонија

Битолчанец пукал со пушка во куче, погодил такси возило, полицијата го притвори

Педесетгодишен таксист од Битола денска напладне едвај спасил жива глава откако битолчанец во Горно Оризари, наводно стрелајќи во куче со пушка, го погодил и оштетил такси возилото, кое било паркирано додека чекал патници во населбата.

Таксистот, најпрво слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Веднаш случајот го пријавил во полиција.

Полициските службеници по претходно добиена судска наредба поради сомнение за строено кривично дело предизвикување општа опасност, извршија претрес во домот и други простории на М. Од Битола, при што пронашле и одзеле една малокалибарна пушка и 9 куршуми.

По извршените оперативни проверки, криминалистичката полиција го лишила од слобода битолчанецот, кој го признал кривичното дело, а во службениот разговор изјавил дека пукал во куче.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе