Навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на други медиуми да го снимаат пожарот во општина Брвеница, потикна реакција кај Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, при што потенцираат дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа.
Медиумите имаат круцијална улога во информирањето за прашања од јавен интерес и во обезбедувањето транспарентност и одговорност, поради што, неопходно е на новинарите и останатите медиумски работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани. Секое попречување на извршувањето на нивните работни задачи е директно загрозување на слободата и правото на информирање.