Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд со грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер, во северните делови од северен, а во јужните од јужен правец.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 23°C, а максимумот од 32 до 38°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
13 Лазарополе, 14 Берово, 15 Маврови Анови, Попова Шапка, Битола, 17 Претор, Прилеп, 18 Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Крива Паланка, Струмица, Крушево, 19 Куманово, Демир Капија, Дебар, 20 Штип, Кавадарци, Велес, 21 Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, 22 Виница, Дојран.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 23.5, Преспанско Езеро 22.0, Дојранско Езеро 26.8
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/