Вести Македонија

Пензионерите преминаа од протести на блокади – бараат повисоки пензии

Пензионерите преминаа од протести на блокади, а условите им останаа исти. Бараат линеарно покачување на пензијата од 3.500 денари. За друго решение не сакаат ниту да разговараат и овојпат како и претходно, ја отфрлија понудата од 6 отсто зголемување. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјала за формирање работна група за разгледување предлози за прашањето за најниска пензија. Од пензионерите пристигна остра критика.

„Пред сè, таму треба да влезат овие луѓе кои се пензионери и кои го бараат тоа покачување од 3.500 денари. Не може нивна група да се формира и така да се донесуваат одлуки. Тоа најпрво не е фер, да не речам – мизерија“, вели Трајче Стаменов, пензионер.

Пензионерите од Свети Николе денеска со земјоделска механизација и во времетраење од еден час блокираа во два правци – автопатот Св. Николе – Скопје и регионалниот пат кон Куманово. Најавија и нови блокади за следната недела. Стандардот на пензионерите веќе е уништен па дури и зголемување од 3.500 денари не е доволно, велат оние кои протестираа.

„Сега за сега 3500 денари може да го подобрат пензионерскиот стандард, но како што одат цените напред тоа никако нема да биде доволно, а не пак линеарно 6 отсто. Тоа линеарно да го заборават!“, реагира Милка Јованчева, пензионерка.

„Просечна кошничка, просечна плата, просечни пензии. Со тие „просечни“ ми дојдоа преку глава!“, истакна Миле Кралевски, пензионер.

Пензионерите пред десетина дена одржаа протест во центарот на Скопје, а во изминатиот месец континуирано се организираат за протести. Во различни градови, на различни локации, но со едно заедничко барање.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е толку комплициран за да не може да се реши вели италијанскиот амбасадор во Македонија

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Полицијата го одзела камипнчето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе