Вести Македонија Најважни

Очи во очи со Пендаровски, Ковачевски, Мицкоски – Габриел Ескобар утре во Скопје

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Северна Македонија. Ескобар ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август.  Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

За усвојување на Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, што е единствена точка на 123 седница, неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази за промена на Уставот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е толку комплициран за да не може да се реши вели италијанскиот амбасадор во Македонија

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Полицијата го одзела камипнчето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе