Останато Спорт

ФОТО галерија: Ричардсон и Штал до злато со нови рекорди на првенствата

На третиот ден од Светскиот шампионат во атлетика што се одржува во Будимпешта поставени се два нови рекорди на првенствата.

Американката Ша’Кари Ричардсон е нова шампионка на 100 метри. Таа во финалето стигна на целта со време од 10 секунди и и 65 стотинки што нов рекорд на шампионатите, а воедно за неа ова е прво злато на некое големо натпреварување.

Во фрлање диск победникот се решаваше во последната серија. Прво Словенецот, Кристијан Чех изби на првата позиција, а по фрлањето на Даниел Штал од Шведска, кој забележа должина од 69 метри и 37 сантиметри се врати на лидерската позиција и со нов рекорд на првенствата стигна до второто злато на Мундијалите.

На 110 метри со пречки триумфираше Грент Холовеј од САД и по трет пат во низа ја освои титулата светски првак.

И во машкиот трискок првото место го освои Хјуз Фабри Занго од Буркина Фасо со постигнување од 17 метри и 64 сантиметри.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Челзи во финале го чека победникот од Реал Мадрид и ПСЖ

Дејан Дејан

Кавада и Боно се нови ракометари на Вардар

Дејан Дејан

Младите ракометарки го почнуваат ЕП со фаворитот Унгарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе