Вести Македонија

Пензионерите за линеарно зголемување, за власта, пак, новата методологија е системско решение за постојан раст на пензиите

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ќе ги разгледа сите барања на пензионерите и заедно и во дијалог со Сојузот на пензионери ќе ги креира натамошните политики и мерки за пензионерите со посебен акцент на оние со пониски пензии, а во насока на обезбедување на достоен живот за сите граѓани.

Ова произлезе од вчерашната средба на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, со претставници на Иницијативниот одбор на пензионери, по одржаните протести во Скопје, на која тие ги изнеле своите барања меѓу кои, линеарно зголемување од 3.500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување согласно новата методологија воспоставена минатата година и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата.

Од МТСП посочуваат дека Тренчевска ги ислушала барањата, а во дискусијата со нив, таа истакнала дека пензионерите и унапредувањето на квалитетот на живот на највозрасната категорија граѓани, е приоритет на оваа Влада. Тоа, се посочува, го потврдуваат фактите дека од доаѓањето на оваа Влада, прво што беше отворено е прашањето за порастот на пензиите и обезбедувањето на достоен живот за сите.

„Минатата година низ транспарентен процес заедно со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери ја донесовме новата методологија која обезбедува усогласување со трошоците за живот и просечната плата. Тоа е најреалниот пораст на пензиите. Тоа е системско решение кое овозможува постојан раст на пензиите“, рече Тренчевска.

Со последните измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година, и воведувањето на новиот начин на усогласување на пензијата, со усогласување со комбиниран модел од 50 отсто пораст на просечната плата и 50 отсто пораст на трошоци на живот, пензиите пораснаа за околу 21 отсто, а заедно со усогласувањето во јануари 2022 година тоа е раст за околу 24 отсто од доаѓањето на овој владин состав, посочуваат од МТСП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе