Вести Македонија Топ вести

Дел од експертите сметаат дека пари има, но треба политичка волја за зголемување на пензиите, пензионерите не исклучуваат нови протести

Пензионерите не ја исклучуваат можноста за нови протести, министерството за труд бара решенија, дел од експертите уверуваат- пари има, а потребна е политичка волја за да се зголемат пензиите.

Поранешната директорка на Фондот за пензиско осигурување Билјана Јовановска ги поддржува барањата на пензионерите. Уверена дека во буџетот може да се најдат средства за линеарно зголемување барем за 2 до 2 и пол илјади денари.

Министерството за труд и социјала тврди дека во континуитет се бара решение за минимална пензија. На средбата со Сојузот на пензионери и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување е донесена одлука да се формира работа група.

„Работната група треба да предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови на пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите.  Работната група треба да работи на решенија кои ќе бидат одржливи, кои не ја нарушуваат стабилноста на Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и кои пред се ги почитуваат потребите на пензионерите“, соопштија од Министерство за труд и социјална политика.

Ова следува откако највозрасните излегоа на протест. Прво во сите општини низ дражавата, а вчера и обединети во Скопје. Пензионерите револтирани од зголемувањето на платите на функционерите и скокот на цените на храната побараа покачување на сите пензии за 3.500 денари.  Од Министерството за труд добија ветување дека ќе се бара системско решение. Дури една третина од вкупно 330.000 пензионери земаат пензии пониски од 13.000 денари.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе