Вести Македонија

Османи на средба со Агелер: Благодарни сме за преку четирите милиони долари од САД за борба против корупцијата

Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Меѓу темите на разговор биле и соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што шефот на македонската дипломатија изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4,276 милиони американски долари наменети за владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година.

„Со САД, како наш значаен стратешки партнер, продолжуваме заеднички и посветено да работиме за забрзување на реформските процеси во земјава, при што високо ја цениме континуираната американска поддршка за справување со предизвиците и борбата против корупцијата”, рече Османи.

За време на состанокот, било разговарано и за повеќе теми од билатералните односи, актуелната политичка состојба на земјата, состојбите на Западен Балкан како и за актуелни теми од меѓународната политика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе