Вести Македонија Топ вести

Именувајте улица во Приштина со Тодор Александров – Арсовска со предлог до Курти

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска до Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав на советот ја променил во „Адем Демачи“, а за која Владата дала согласност за промена, соопштија од Градот.

„Ги повикувам сите советници во Советот на Град Скопје да гласаат во корист на оваа предлог одлука, со која ќе се исправи неправдата кон 230 херои, припадници на Втората македонска бригада од сите етникуми кои го дале својот живот за одбрана на Македонија. Апелирам, оваа иницијатива да не се политизира, ниту пак да се злоупотребува за кревање на етнички тензии, особено поради фактот што најголемиот дел од хероите, покрај Македонци биле токму Албанци, Роми и Власи. Воедно, силно ја осудувам националистичката реторика и на косовскиот премиер Албин Курти и сакам да му предложам нова иницијатива – во Приштина улица да биде именувана по македонскиот револуционер Тодор Александров кој своевремено активно соработувал со Хасан Приштина, Хасан Бејта и Бајрам Цури во борбата против окупацијата на СХС. За оваа соработка е донесена и одлука на ЦК на ВМРО на која за контакт бил назначен Петар Чаулев”, посочи Арсовска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Постојат сериозни индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, тврди Ангелов

Дејан Дејан

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе