Вести Македонија Топ вести

Меџити не се оградува од знамето на Голема Албанија

Изет Меџити, еден од лидерите зад чиј грб во Тетово се вееше знамето на Голема Албанија, не се оградува и не гледа ништо спорно. Бара да се гледа попозитивно на посетата на косовскиот премиер Курти и да се воочи големината на Адем Демачи како личност со европски вредности. Знамето што во регионот и во земјава одекна како провокација, не го видел.

-За знамето – не го видов тоа, ама тоа се случува секојдневно. Ако одиме по тоа – секојдневно се поставуваат знамиња од Куклиш, од Голема Македонија, од Голема Македонија – секој ден треба да затвараме луѓе! На таа посета треба да се гледа позитивно. Промовира заеднички проекти како што е патот Тетово-Призрен кој ќе ги зближи луѓето! Ќе ве замолам да размислувате попозитивно, изјави претседателот на Демократско движење Изет Меџити.

Во присуство на голем број приврзаници, Меџити го промовираше Демократското движење. Го претстави како дел од вистинскиот опозициски фронт кај Албанците. Соработката со Беса и Алтернатива ќе вроди со пратеничка група. За соработка со други партии ќе размислуваат по изборите, но мора да биде исполнет условот за проевропски вредности.

-Со кого ќе соработуваме? Не е битно сега. Сега ги формираме нашите структури, програма, платформа, идеи, бараме поддршка од граѓаните, а по изборите ќе видиме. По секоја цена – со никого! Еден услов ќе биде – нема да бидеме со никого кој не е прозападно ориентиран и не влегува во евроинтегративниот процес. За другото, на маса ќе  разговараме, вели Меџити.

Партијата Демократско движење произлезе од внатрешниот конфликт во ДУИ, предводен од Огнените. Со Меџити останаа градоначалникот на Чаир Висар Ганиу, како и пратениците Кастриот Реџепи и Мерита Колчи-Коџаџику. Одлучија да прават посебен политички субјект откако Али Ахметик не ги прифати нивните барања за отчет и дистанцирање на министрите, а пред се на Артан Груби и Бујар Османи.

Соња Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе