Вести Економија Топ вести

Ќе поскапат месните производи, ќе се затворат фабрики и ќе се отпуштаат работници ако не се намалат увозните царини

Пред да скокне ДДВ за одредени прехрамбени производи од 5 на 10 отсто, веќе некој индустрии најавуваат поскапување. Цената на месото  ќе расте, затоа што секторот се  соочува со проблеми.  Суровните кои ги увезуваат се со високи цени. Неколку пати алармирале за ова. Предупредуваат надлежните да реагираат, да ги намалат царинските давачки за увоз на замрзнато свинско месо, во спротивно многу компании  ќе затворат. Некој веќе имаат ставено  клуч на врата, а некој поради високите давачки  за една година имаат пад до 30 отсто на производството и отпуштаат работници.

-Со важечките царински давачки тие беа доведени во една ситуација во однос на индустрииите од соседството, готовите производи влегуваат тука со 0 проценти давачки, а домашните преработувачи при увоз на суровина и натаму плаќаат од 25 до 35 проценти царина на суровината. Земјите во околината немаат царина,  освен Србија каде е 8 процени, далеку пониска од нашата, а од таму доаѓа најголемата конкуренција, вели  Васко Ристовски од СКМ.

Се жалат и на нееднаквиот третман  кои го имаат во однос на странските фирми.  Некои домашни компании,  размислуваат да  го селат бизнисот во околните држави затоа што условите за работа  се подобри од тука.

-Наместо мерки ние добиваме казни од сопствените инситуции која едниствено ја гледаме како цел за полнење на буџетот. Домашните производители и компании се спречени да произведуваат и добиваат казни,  а увозните производи се  пуштени во слободен промет, иако содржат  фосфати и полуфосфати  повеќе од дозволеното тие се на пазарот, вели Гоце Трајчев претседател на Групацијата за производство на месо и преработки од месо.

И додека дел од индустриите  се соочуваат со проблеми поради кои очекуваат и раст на цените, во собранието се турка законот за ДДВ, со кој  ќе скокне на 10 отсто. Листата на производи  кои ќе се даночат со повиосок данок е долга. Некој од  производите ретко се купуваат, но има и такви кои граѓаните ги користата често. Граѓаните и натаму се жалат на скапотијата. Тука се и законот  за добивка и за солидарниот, кој бизнисот бараше да се повлече. Сега најавуваат дека ќе го оспорат пред Уставен суд  и ќе бараат  од претседателот Пендаровски да не го потпишува.

Од месната индустрија  велат дека освен што може да ги задоволат домашните капацитет тие можат да извезувата и надвор а тоа е добро за државата,  но бараат  да им се дозволи да работата во добри услови со добри закони.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе