Вести Свет Топ вести

Големо невреме во Словенија, поплавени села – евакуирани граѓани во некои региони

Поројниот дожд кој синоќа зафати некои делови на Словенија, предизвика поплави во поголем број населени места во земјата. Регистрирани се илјадници несреќи, а во некои места властите беа приморани и да го евакуираат населението.

Словенечката агенција за животна средина издаде црвено предупредување за северниот дел на земјата.

Најмногу дожд наврна на југот од подножјето на Јулијанските Алпи и во областа кон Горењска и Корушка.

Проценките се дека во овие области во текот на ноќта наврнале од 100 до 200 литри воден талог на метар квадратен.

Поради обилните врнежи се очекува излевање на реките на истокот од земјата.

Како што информираат од сообраќајниот информативен центар, некои патишта се целосно затворени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе