Вести Македонија

ДКСК: Обвинителството да го испита случајот со бензинската пумпа на „Пуцко Петрол“ во Карпош

Носењето на ДУП-от во Карпош, и тоа во два наврати, а кој предвидува изградба на бензинска пумпа до базенот „Младост“ е незаконски и противустваен, можно е да е направен на барање од „Пуцко Петрол“ и е пропратен со голем број на сомнителни одлуки, постапки и финансиски трансакции заклучи Антикоупциската комисија која отвори предмет по доставени три аноними пријави.

Антикорупциската комисија одлучи да ја запре постапката но сите наоди и докази кои ги прибра во текот на во истрагата ќе ги достави до надлежните органи. Антикорупципонерите со иницијатива од Обвинителството за организиран криминал ќе бараат да се испита делувањето на советниците во општината и градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Антикорупционерите бараат и распуштање на советот на Општина Карпош

Уставниот суд два пати го укина спорниот ДУП во општина Карпош, првиот пат по форма бидејќи не беше комплетна докуметацијата а во април годфината и по содржина бидејќе е во спротивност со Урбанистичкиот план на Град Скопје.

„ Судот утврди дека  ДУП-от е неусогласен со ГУП-от бидејќи се предвидува изградба на бензинска пумпа која е објект со класа на намена Е, на место кое што е планирано за зеленило и изградба на објекти со класа на намена А и Б, односно објекти за домување и делумно комерцијални објекти. Поконкретно просторот каде се планира изградбата на бензинска пума е означен како коридор низ кој минува топловодна, гасоводна, фекална и водоводна инфраструктура“, велат од Уставен.

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, не одговори на телефонскиот повици и пораки за коментар.

Во моментов „Пуцко Петрол“ води спор пред Врховниот суд во кој бара оштета од околу 15 милиони евра поради укинувањето на ДУП-от. Претходно граѓанскиот суд додуи во негова корист и наложи да му се исплати штета малку повисока од сумата која тој ја плати за плацот – 2,3 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе